Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Град Скопје известува дека третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на град Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре, а четвртата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 3 септември.

  1. Авионската дезинсекција на подрачјето на град Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре во раните утрински часови.
  2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на град Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре во текот на денот.
  3. Терестричната дезинсекција на подрачјето на град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе почне на 3. 9. 2018 година (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 7. 9. 2018 година.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција, соопшти Градот.

Се известуваат пчеларите навреме да ги превземат потребните мерки за заштита на пчелите.