
Пет натпревари од петтото, вонредно, коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се на програмата утре, а дербито се игра во Струга каде лидерот на табелата го пречекува второпласираниот Силекс.
Македонија Ѓорче Петров во градската пресметка го пречекува скопски Работнички, додека актуелниот шампион Шкупи е домаќин на Победа.
Во преостанатите две пресметки, Шкендија во Кавадарци му гостува на Тиквеш, а Академија Пандев го пречекува Скопје.
Сите натпревари започнуваат во 16 часот.
Слободна во ова коло е Брегалница.
На табелата води Струга со максимални 12 бодови, пред Силекс (8) и Шкендија и Брегалница по седум бодови.