Утре засилен ветер и дожд

Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час.

Како што јавува УХМР, утре ќе има и врнежи од дожд, кои ќе бидат позастапени во западните делови, каде на планините кон крајот на денот ќе преминат во снег. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и ретки грмежи. Во крајните западни делови се очекува да наврнат и над 20 л/м2.

Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и умерен јужен ветер.