Утре затворен за сообраќај патот Брезница – Македонски Брод низ НП Јасен

Поради изведување градежни работи (асфалтирање) на патниот правец Брезница – Македонски Брод низ НП Јасен, утре се забранува секаков вид на сообраќај во период меѓу 08:00 и 15:00 часот.

По завршување на работите сообраќајот ќе се одвива според стандардните термини, соопшти АМСМ.