За утре во 20 часот е закажана вонредна седница на Извршниот комитет ан ВМРО-ДПМНЕ, пишува Пресс24. Вонредната средба доаѓа по вечерашната најава од ДУИ за барање за распуштање на Парламентот по непостигнувањето договор со коалициониот партнер за настап со консензуален кандидат на претстојните претседателски избори.
Според изворите на овој медиум, претходно ќе се оди на поширока средба со коалиционите партнери, настан кој ќе се случи веднаш по враќањето на претседателот на партијата и премиер Никола Груевски од службеното патување во потрага по меѓународна поддршка за државните позиции и странски инвеститори.
Вечерва ДУИ излезе со конечен став- да побара распуштање на Парламентот поради како што велат- кризата која настанала откако не се утврдил заеднички кандидат за шеф на државата.