Утринава апсење на „Дижонска“

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(40) од Скопје.

Како што информира МВР, лицето било уапсено утринава во 7 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје.

-Тој бил осуден на пет години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување три години и девет месеци, велат од МВР.

Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.