Утринава повторно од фабриката Железара излегува црн чад

По синоќешните реакции за пожарот во фабриката Железара (Макстил) и фотографиите објавени на Фејсбук од граѓаните се гледа дека и утринава оџаците испуштаат штетни материи.

Жителите на околните населби во Автокоманда тврдат дека има густ чад и мирис на гума.

Дел од граѓаните тврдат дека е пожар дел дека фабриката намерно го гори отпадот во печките и бараат одговор од надлежните.