Утрото студено, преку ден сончево со слаб ветер од јужен правец

По студеното утро, денеска во земјата ќе преовладува, претежно сончево и релативно топло време со слаб ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 3 и 11, додека максималните дневни соодветни ќе бидат од 20 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината утрово температурата достигна 8 степени, а преку денот ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец со температура од 26 степени.