Утрото студено, преку денот сончево со мала локална облачност

Во најголемиот дел од Македонија во четвртокот по студеното утро ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини со појава на магла или ниска облачност

Утринската температура на повеќе места утрово беше околу 0-та, односно ќе се движи во интервал од минус 4 до 3 степени, а дневната од 7 до 12 Целзсиусови степени.

Во Скопје и околината утрото беше студено, а преку денот ќе биде сончево и магливо со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне до 7 степени.