Наутор ќе има магла по котлините и значителна ниска облачност. Вака ќе почне денот кога е времето во прашање.
Преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер.
Температурите главно ќе бидат во плус, освен во Берово каде што утринската ќе биде -2, а дневната до +10. Во Скопје и околината од 1 до 8 степени.
Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде температурата преку ден ќе достигне и до 15. степени.