Утрово најголем украински напад врз Москва

Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала кон Москва, што е досега ваков најголем украински напад врз руската престолнина.

Поради нападот привремено беа затворени два аеродроми во рускиот главен град.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 22 беспилотни летала се уништени во областите Раменское и Коломенски во московскиот регион, како и во градот Домодедово, југозападно од Москва.

– Во тек е масовен напад – рече тој.

Во московскиот регион живеат повеќе од 21 милион жители.

– Според првичните информации, нема штета или жртви на местата каде паднале остатоците. Итната помош се на местото на настанот – додаде тој.

Русите тврдат дека уништиле поголем дел од беспилотните летала.