Утрово најстудено во Скопје и во Берово

Според информациите од УХМР утринава во 7 часот најстудено било во Скопје и Берово.

Од УХМР информираат дека 4 степени под нулата се измерени во Берово, -2 во Скопје, Демир Капија, Струмица, Крива Паланка, -1 Битола, 0 Гевгелија, Виница, Куманово, Штип, Маврово, Тетово, Прилеп, 1 Крушево, 2 степени во Ѓуриште, Охрид, Дојран, Пожар, Пожаране, 3 во Претор, четири степени во Тополчани, Дебар.

Утринава времето е сончево со мала облачност. Само во западните делови има умерена облачност. Дува слаб на повисоките места умерен променлив ветер. Магливо беше во штипската и скопската котлина.