Утрово свежо, преку ден сончево со локална облачност

По свежото утро, во текот на денот во вторникот ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец .

Утринските температури се движат од 4 до 16, а максималните дневни соодветено ќе бидат во интервалот меѓу 19 и 28 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец, со температура до 27 степени.