Утрово земјотрес од 3,2 степени близу Демир Капија

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер утрово, во 10.07 часот, го погоди јужниот дел на Македонија, во близина на Демир Капија, јавува ЕМСЦ, Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил во село Конче, на длабочина од 9 километри и се почувствувал во Струмица, Валандово, Радовиш и Кавадарци.

Засега нема пријави за материјална штета.