Утрово земјотрес од 3,8 степени според Рихтер

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер утрово ја стресе Македонија, а епицентарот е регистриран на 30 километри од Скопје, односно на 8 километри источно од градот Тетово, соопшти европскиот сервис „ЕМСЦ“.

Земјотресот бил на длабочина од 2 километри. Според податоците, потресот се случил во 9 часот и 11 минути и е почувствуван низ целиот западен дел од земјава, како и во главниот град.