Кичевската полиција го утврди идентитетот на трите момчиња кои раноутрово загинаа во сообраќајна несреќа на улицата Ужичка Република.
Според полицијата, жртвите се 15-годишниот Мурат А., Адмир В. (25) и Јетон Е. (25).Двајцата полесно повредени момчиња се Г.С. (27) и Р.С. (26) кој е пренесен во охридската болница „Св. Еразмо“.
Трагичната несреќа се случи утринава околу 4.30 часот на улицата Ужичка Република. Автомобил марка „голф“, во кој се превезувале момчиња завршил во ѕид од куќа откако возачот изгубил контрола над воланот.