Утврден редоследот на кандидатските листи за изборите

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, во рамки на 96. седница, со жребување го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите.

Број 1 е Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, број 2 – Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ, број 3 – Коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, број 4 – Коалицијата Европски форнт, број 5 – Левица, број 6 – Коалицијата „Вреди“, број 7 – Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, број 8 – Единствена Македонија, број 9 – Нова алтернатива, број 10 – Аваја, број 11 – Европско граѓанско движење, број 12 – Македонска ера трета/Македонски независни листи, број 13 – Твоја партија, број 14 – Родина Македонија, број 15 – Десна, број 16 – Демократи и број 17 – Работничка партија.

По жрепката, како што соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, ќе се изготви записник и согласно член 69 став 2, утврдената листа ќе биде објавена во дневниот печат, најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите.