Фудбалерите на Јувентус во Торино со 3:0 ја совладаа Фиорентина во 22-то коло од Серија А, па ја зголемија предноста од пет бодови во однос на вторипласираниот Лацио.
Двоен стрелец за Јувентус беше Кристијано Роналдо во 40 и 80 минута и двата од пенал, а конечниот резултат го постави Матијс де Лихт во првата минута од судиското продолжение.
Јувентус е на чело на табелата со 54 бодови, а Фиорентина моментално е 14-та со 25 бодови.
Лацио со 5:1 го декласираше СПАЛ на домашен терен и се проби на второто место. Кај домашните по два погодока постигнаа Чиро Имовиле, во 4 и 30 минута, и Фелипе Каиседо во 17 и 39 минута, а еднаш погоди Боби Адекание во 59 миута, додека почесниот погодок за гостите го постигна во 66 минута Симоне Мисироли.
Лацио со 49 бодови го мина сега третопласираниот Интер кој има бод помлаку, а двата тима имаат и заостанат меч. СПАЛ со 15 бодови и натаму е последен 20-ти во Серија А.
Милан без болниот Златан Ибрахимовиќ одигра само 1:1 на својот „Сан Сиро“ против Верона. Поведоа гостите со голот на Давиде Фараоне во 14 минута, а Хакан Чалханонглу израмни во 30 минута.
Милан остана осми со 32 бода, а Верона е место подолу со два бода помалку.
Џенова на Горан Пандев земја важен бод во борбата за опстанок на гостувањето кај силната Аталанта, а стратегијата на гостете не овозможи македонскиот репрезентативен капитен да се најде во составот.
Сѐ се одиваше во периодот од 14 до 36 минута. Аталанта поведе преку Рафаел Толои во 14 минута, а за Џенова израмни од пенла во 20 минута Доменико Круисчито, потоа гостите во 34 минута направија пресврт преку Антониот Санабриа, а во 36 минута израмни Јосип Иличич.
Аталанта со 39 бодови ја задржа 4-та позиција која води во Лигата на шампионите, а ја следи Рома со ист број бодови. Џенова, пак, има 16 бодови и е 18-та на местото кое води во квалификациите за опстанок во лигата.
Вечерва се играат уште дуелите Лече – Торино и Удинезе – Интер, а во понеделник колото го заокружуваат Сампдорија и Наполи.