Јувентус и Астон Вила склучија нов договор, и Баркли во Вилa

Откако Астон Вила во неделата го продаде бразилскиот интернационалец Даглас Луиз на Јувентус, англискиот и италијанскиот клуб се постигнаа нов договор.

Младиот 20-годишен англиски напаѓач Семјуел Илинг-Џуниор и три години постариот аргентински играч за врска Енцо Баренечеа ќе се преселат од Торино во Бирмингем. Според англискиот печат, Вила за нив ќе плати 22 милиони евра, 14 за Илинг-Џуниор а осум за Аргентинецот.

Семјуел Илинг-Џуниор е роден во Лондон, англиски е репрезентативец до 21 година, а фудбалската кариера ја започна во академијата на Челзи од која се пресели во Јуве. Аргентинецот кариерата ја започна во Њуелс Олд Бојс, од каде се пресели во Сион, каде остана една сезона, а потоа замина во Торино.

Договорите доаѓаат ден откако Јувентус го ангажираше бразилскиот играч за врска Даглас Луиз од Вила на петгодишен договор, како што се шпекулира, од 50 милиони евра.

На „Вила Парк“ пристигна и 30-годишниот играч за врска Рос Баркли, кој минатата сезона играше за Лутон Таун. Баркли веќе играше за Астон Вила, во сезоната 2020/21. Тој пристигна во клубот на позајмица од Челзи. Играше и за Евертон, Лидс Јунајтед и Ница, а за англиската репрезентација забележа 33 настапи и постигна шест гола.