![Soccer: Serie A; Inter-Juventus](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/juventus-inter.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Водството на натпреваруваќката комисија во италијанското фудбалско првенство во четвртокот донесе одлука дека овој викенд ќе се одиграат шесте натпревари од 26-то коло на Серија А кои беа одложени минатиот викенд, меѓу кои и големото дерби меѓу Јувентус и Интер, додека мечевите од 27-то коло, кое беше предвидено за овој викенд, ќе се играат дури на 13-ти мај.
Натпреварот меѓу Јувентус и Интер ќе се игра во Торино во недела со почеток од 20,45 часот, без гледачи во согласност со мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во Италија.
И другите пет натпревари овој викенд ќе се играат пред празни трибини. Така, во недела од 12,30 часот игараат Парма – СПАЛ, од 15 часот на програмата се дуелите Милан – Џенова и Сампдорија – Верона, а Удинезе – Фиорентина ќе се игра од 18 часот, додека дуелот меѓу Сасуоло и Бреше е закажан за понеделник во 18,30 часот.
Одредени се и нови термини за три од четирите натпревари одложени во 25-то коло. Така, Аталанта – Сасуоло, Верона = Калјари и Торино – Парма ќе играат на 18-ти март од 18,30 часот, додека сѐ уште не е познат терминот за одигрување на мечот Интер – Сампдорија, поради обврските на „Нераѕирите“ во Лига Европа