Јувентус испушти победа кај Удинезе, Мурињо со победа се врати во Серија А, Елмас стрелец

Dacia Arena stadium in Udine, Italy, 22 August 2021. ANSA/GABRIELE MENIS

Италијанскиот фудбалски великан Јувентус успушти сигурно водство од два гола и победа во премиерниот меч од новата сезона во Серија А, а специјалниот враќањето на Апенините го одбележа со домашната победа на неговата Рома над Фиорентина.

По дваесетина минути игра Јувентус веќе водеше со 2:0, со головите на Паоло Дибала во 3 и Хуан Квадрадо со 23 бодови.

Меѓутоа во продолжението голманот на „Старата дама“, Војчех Шчешни со две лоши реакции му овозможи на Удинезе да дојде до израмнување. Прво во 50 минута ја испушти топката по ударот на Арслан, а потоа го собори Бусет и направи пенал кој го реализираше Роберто Перејра. Потоа Мората и Бетанкур ја погаѓаа рамката од противничкиот гол, за во 83 минута Шчешни повтоно да направи кардинална грешка, кога сакајќи да го измами Окака остана без топката, а Жерард Дулофе го искористи подарокот и го погоди празниот гол.

Во последниот половина час во игра влегоа Кристијано Роналдо, Дејан Кулушевски, Џорџо Кјелини и Федерико Киеза. Во четвертата минута од судиското продолжение Роналдо постигна гол со глава по нафрлувањето на Киеза, но прегледот на ВАР-от утврди дека Португалецот бил неколку сантиметри во офсајд.

Наполи со 2:0 на свој терен го совлада дебитантот во лигата Венеција, иако од 23 минута играше без ислкучениот Виктор Осимен. Лоренцо Инсиње во 56 минута не реализираше пенал, но само шест минути подоцна капитенот на Наполо доби нова шанса од белата точка која ја искористи за водство. Двата пенала беа досудени поради играње со рака на одбрабените играчи на Венеција.

Конечните 2:0 ги постави македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз во 72 минута. Елмас во контролните натпреаври со неколку погодока најави дека сака да има позначајна улога во тимот, а тоа и го докажа откако во 35 минута го замени Пјотр Зиелински.

На Рома и Мурињо во неделата изразено наклонет им беше ВАР-от, бидејќи првите два погодока на „Волчицата“ се призната по долготрајните прегледивања на смимките и процените дека линијските судии згрешиле означувајќи офсајд на Мхтаријан, кој погоди за 1:0 во 26 минута, односно Абрахам кој му асистираше на Верету за 2:1 во 64 минута. Рома, покрај наклонетоста на судијата од 17 минута имаше и играч повеќе бидејќи се чини престрого беше исклучен гостинскиот голамн Фјоренте Драгови. Бројната предост Рома ја имаше до 52 минута кога поради два жолти картона беше исклучен Заниоло, а набрзо потоа Миленковиќ во 60 минута израмни на 1:1. Но израмнувањето траеше само четири минути, а Верти во 79 минута со својот втор гол вечерва ја потврди победата на Рома.

Интересно беше и во Болоња, каде истоимениот домаќин го совлада новајлијата во лигата Салернитана со 3:2, со три црвени картона. Салернитана остана со играч помалку од 32 минута кога беше исклучен Стефан Странберг, а потоа кај Болоња „поцрвенеа“ Роберто Сориано во 50 и Џерди Шоутен во 88 минута.

Гостите двапати водеа преку Федерико Бонаѕоли во 52 минута од пенал и Мамаду Кулибали во 70 минута, а за домашните погодоците ги постигнаа Лоренцо Де Силвестри во 59 и 77, и Марко Арнаутовиќ во 74 минута.