
Фудбалерите на Јувентус изборија пласман во полуфиналето на италијанскиот куп откако на својот стадион во Торино со 1:0 го совлада Лацио.
Решавачкиот погодок во четвртокот го постигна Бразилецот Бремер во 44 минута.
Торинската „Стара дама“, така во полуфиналето ќе игра против Интер кој во четвртфиналето во вторникот исто така со 1:0 ја победи дома Аталанта.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Кремонезе и Фиорентина.
„Фенерџијата“ во Серија А во средата на римски „Олимпико“ со 2:1 ја победи домашната Рома, а Фиорентина дома со истиот резултат го совлада Торино.
Првите полуфинални дуели меѓу Интер и Јувентус, како и меѓу Кремонезе и Фиорентина се играат на 4-ти и 5-ти април, додека реваншите се закажани за 25-ти и 26-ти април. Финалето ќе се игра на 24-ти мај.