![Italian Serie A soccer match Juventus FC vs US Sassuolo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/952155926ca1a5d3c4a287a9b56797f5.jpg?resize=696%2C397&ssl=1)
Во последниот дуел од 17-то коло на италијанското фудбалско првенство, актуелниот шампион Јувентус многу потешко од очекуваното со 3:1 го совлада Сасуаоло, искачувајќи се на четвртото место на Серија А.
Иако целотот второ полувреме Јувентус имаше играч повеќе, до победата стаса дури во самата завршница на натпреварот.
Веројатно еден од најклучните моменти во овој дуел се случи во самит последни моменти од првиот дел во кој немаше погодоци, кога поради остар прекршок црвен картон му беше покажан на Педро Обианг. Гостинскиот играч беше исклучен, откако арбитарот Давиде Маса ја прелгедуваше ВАР-снимката.
Јувентус со играч повеќе поведе веќе во 50 минута преку Данило, но веќе во 58 минута Сасуоло ги шокираше домашните израмнувајќи со голот на Грегорар Дефреи. „Старата дама“ беше блиску до ново водство во 67 минута, но Федерико Киеза ја погоди стативата. Шест минути подоцна Кристијано Роналдо имаше стопроцента шанса, но гостинскиот голман Андеа Консиљи одлично реагираше.
Во храброто вечерашно издание Сасуоло, исто така, имапе неколку шанси, можеби и да го направи изненадувањето на колото. Сепак, во 82 минута Аарон Ремзи погоди за 2:1, а во втората минута од судиското продолжение на победата ја потврди Кристијано Роналдо.
Јувентус сега со 33 бодови е на четвртото место седум бодови зад водечкиот Милан, но и со натпревар помалку. Сасуоло, пак, сега е седми со 29 бодови.
Во дербито на колото на римски „Олимпико“ Рома и Интер одиграа без победник 2:2, а „Волчицата“ успеа да израмни во последните минути од дуелот, со што ги спречи „Нераѕурите“ сосема да му се доближат на градскиот ривал Милан.
Рома поведе во 17 минута со среќниот погодок на Лоренца Пелегрини, но во второто полувреме Интер заигра многу поангажирано подигнувајќи го интензитетот на мечот и успеа да направи резултатски пресврт. Во 56 минута израмни Милан Шркињар а веќе во 63 минута го презема водството преку Ашраф Хакими. Настојувањата на Рома да останат непоразени резултираа на четири минути до крајот кога Џанлука Манчини со глава прецизно биеше по нафрлување од слободен удар крај немоќниот Хандановиќ кој претходно неколкупати имаше и среќа и добро реагираше спрчувајќи ги домашните да израмнат.
Со тоа Интер наместо на само на бод, сега со 37 бодови заостанува дтри бода зад Милан, а Рома остана на третата позиција со 34 бодови.
Наполи со гол во последната минута со 2:1 на гости славеше над Удинезе, а во вториот дел на теренот во двете екипи се појавија македонските репрезентативци. Илија Нестороски ги одигра последните петнаесетина минути заменувајќи го стрелецот за домашните, а дестина минути претходно за гостите во игра влезе Ељиф Елмаз.
Наполитанците поведоа во 15 минута од пеналот кој го реализираше Лоренци Инсиња, а на одмор се замина без водство откако во 27 минута за Удинезе израмни Кевин Ласања. Гостите, сепак, успеаја да дојдат до за нив важните три бода со голот на Тиемуе Бакајоко во 90 минута, а домашните не беа моќни во петте минути од судиското продолжение да дојдат до ново израмнување.
Наполи, кој има еден заостанат меч во кој треба да му гостува на Јувентус, сега е шести на табелата со 31 бод, колку што има и Аталанта на петтата позиција која води директно во Лига Европа. Удинезе потона на 14-то место со 16 бодови, само четири повче од зоната на испаѓање.
Лацио исто така забележа гостинска победа но беше поубедлив 2:0 со двата погодока постигнати во второто полувреме кај Парма. Стрелци беа Луис Алберто во 55 и Фелипе Каиседо во 67 минута.
Лацио со 28 бодови се одржува на осмата позиција на табелата, а Парма е претпоследна 19-та со 12 бодови, два помалку од местата кои гарантираат опстанок во лигата.
Домашна победа од 2:1 оствари Верона против Кротоне. Домашните поведоа во 16 минута со голот на Никола Калиниќ, а водството во 25 минута го удвои Федерико Димарко. Гостите во вториот дел успеаја само да намалат преку Жуниор Месиас во 55 минута.
Хелас Верона, кој годинава влезе во Серија А, со 27 бодови е деветта, а Кротоне, со само девет бодови сѐ уште е на самото дно на табелата.
Домашна победа оствари и Фиорентина во дуелот со Калјари, а стрелец на еднинствениот погодок на мечот беше Душан Влаховиќ во 72 минута.
Фиорентина сега е 12-та со 18 бодови, а Калјари остана 16-ти со 14 бодови.
Колото во понеделник ќе го затвори дуелот Специја – Сампдорија.