На денешното доделување на уверенијата за пратенички мандат, не се појавија новоизбраните пратеници од опозицијата, но уверенијата ќе им бидат испратени по пошта на домашна адреса, изјави заменик-претседателот на ДИК, Субхи Јакупи.
На официјална церемонија во ДИК, Јакупи им ги врачи уверенијата на останатите избрани пратеници. Претседателот на Комисијата Никола, Рилкоски, како и членот предложен од СДСМ, Виолета Дума, не присуствуваа на настанот.
ДИК ќе го информира Собранието дека мандатите се врачени, а до крајот на неделата треба да биде закажана и конститутивна седница на новиот парламентарен состав.