![pat-petrovec](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/pat-petrovec.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски денес извршија увид во градежните активности за санација на најоштетените делови на регионалниот пат Р 1102 во општина Петровец.
Како што информираат од ЈП за државни патишта, на оваа делница која што поминува низ населеното место Петровец, во тек е санација на најоштетениот дел од коловозот во должина од 1.500 метри.
Со санацијата на овој дел од регионалниот пат, кој е значително оптоварен со голем број возила ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.