
Таа синоќа е итно оперирана и лекарите се борат за нејзиниот живот.
Според неофицијални информации, жртвата е нападната, а бројните повреди на нејзиното тело укажуваат дека таа се борела со напаѓачот. Се претпоставува дека, иако тешко повредена, таа излегла на улица за да побара помош.
Полицијата реагирала експресно и го уапсила нејзиниот син кој е осомничен за обид за убиство.
Синот има 27 години, и како што пишуваат српските медиуми, тој го признал делото. Се истражува евентуалната вмешаност на неговиот татко, односно сопругот на жртвата.