Узбуна во Норвешка заради закана од терористички напад

Норвешка денес соопштила дека превземала вонредни мерки за безбедност, бидејќи добила информации дека на нејзина територија напад ќе извршат екстремисти кои учествувале во борбите во Сирија.

Норвешките служби добиле информации дека група поврзана со екстремните исламисти во Сирија има намера да изврши терористички напад“,  сооштиле норвешките власти.

По информациите со кои располага норвешката разузнавачка служба, нападот би можел да се случи наскоро, но не се знае кој или што е мета. На железничките станици и аеродромите на Норвешка се распоредени вооружени полицајци, а официјалните лица од власта кои биле на одмор биле повикани да се вратат на работа.

Норвешката разузнавачка служба на почетокот на годината објавила годишен извештај во кој се наведува дека заради граѓанскат војна во Сирија зголемен е бројот на закани во Норвешка. Според податоците на службата, мешу 40 и 50 луѓе кои учествувале во борбите во Сирија имаат врска со Норвешка.

Като Хемингби од полициското училиште оценил дека одлуката на власта да ги обелодени заканите на Норвешка, има за цел да ги одврати напаѓачите од нивните намери и да влијае на граѓаните да бидат внимателни.