![profimedia-0003754030](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/11/profimedia-0003754030.jpg?resize=620%2C414&ssl=1)
Малолетничка од Загреб преживела вистински хорор. Откако нејзините родители ја продале и бил одземен пасошот и била под постојан надзор од своите „свекор и свекрва“, кои ја присилувале на тешка работа без прекин.
– Ве молам да ми помогнете! Тие ме заробија и ме силуваа, извикувала тинејџерката (15) која плачејќи влегла во воз, бегајќи од своите клиенти кои трчале по неа.
Тој ден, малолетното девојче искористило момент и преку кујнскиот прозорец побегнала од 17-годишно момче кое ден пред тоа ја силувало.
Овој случај многумина крена на нозе, од сите страни пристигнува помош, а полицијата ги привела нејзините родители, како и малолетниот „младоженец“ заедно со неговите родители кои се осомничени за трговија на луѓе, како и сексуално злосторништво.
Агонијата на несреќната девојката започнала во средината на мај, кога нејзините родители за неколку илјади евра се согласиле за нејзина продажба.