Ужас: Полуматурантка од кавадаречко жртва на групно силување

Полуматурантка од кавадаречко викендов била жртва на групно силување.

Според неофицијалните информации 4 или 5 млади момчиња од тиквешко село од кои еден полнолетен, а другите малолетни, силувале млада соселанка во комбе.

Портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска за Дневник потврдила дека било пријавено силување во полициска станица во град од Тиквешијата вчера.

-Се работи за пријава за полов напад врз малолетник. Има осомничени лица. Работиме на целосно расветлување и документирање на случајот, изјавила Стојковска за Дневник.