Американец до смрт ги избодел своите две деца бидејќи немал седишта за нив во автомобилото откако претходно ја убил и неговата сопруга, јавуваат американските медиуми.
Дваесет и деветгодишниот Мигуел Мехија-Рамос е обвинет за убиство на едногодишната Јоселин Мехија, двегодишната Даниела Мехија како и неговата сопруга Дејзи Гарсија (21).
Според информациите на полицијата, грозоморното убиство е извршено минатата недела во Њујорк, а убиецот веднаш потоа се обидел да избега во Мексико.
Уапсен е во Тексас пред да ја помине границата.
Убиените деца и мајката биле пронајдени од вујкото на Дејзи и неговиот син.
„Мојот 12-годишен син, Рене, влезе внатре во собата и ја виде мојата внука на подот“, вели 37-годишниот Рамон Чак.
Обвинителот изјавил дека Мехија Рамос ги убил своите деца бидејќи немал автомобилски седишта за деца за да може да ги земе со себе. Властите стравуваат дека би можел да се самоубие во затвор поради што е под постојан надзор.