Уживајте во сончевото време, за викендот очекувајте дожд

До петок ќе имаме прилика да уживаме во сончевото време, а веќе од петок и за време на викендот ќе настапи облачно време со дожд.

Според најавите на метеоролозите, за утре не’ очекува сончево време со умерена облачност. Температурата ќе се движи од седум степени во Маврово до 17 во Гевгелија и Демир Капија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 15-от степен.

Веќе од петок ќе има зголемување на облачноста, како и повремени врнежи од дожд. Максимална дневна температура ќе го достигне 15-от степен.