Јужна Кореја го враќа ударот- лансираа прв шпионски сателит

Јужна Кореја соопшти дека го лансирала својот прв шпионски сателит на американска ракета и успешно влегла во орбитата.

Ова се случува нешто повеќе од една недела откако Северна Кореја го испратила својот прв извидувачки сателит во вселената.

Ракетата Space X Falcon 9 полетала од американската база на вселенските сили Ванденберг во Калифорнија вчера во 10:19 часот по локално време, објави американската компанија, пренесува Kyodo.

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека сателитот се одвоил од ракетата 14 минути по полетувањето и воспоставил комуникација со копнената станица.

Овој шпионски сателит е првиот од петте што Јужна Кореја планира да ги стави во орбитата до крајот на 2025 година користејќи американски ракети.

Се очекува сателитот да започне целосна операција во рок од четири до шест месеци, изјави јужнокорејски воен извор.

Лансирањето било планирано за четвртокот, но е одложено поради лошите временски услови. Северна Кореја објави дека нејзиниот извидувачки сателит Малијонг-1 влегол во орбитата на 21 ноември.