Јужна Кореја денеска трет ден по ред е погодена од поплави и одрони од поројните дождови, поради што стотици луѓе се евакуирани.
Според Министерството за внатрешни работи и безбедност, 882 лица биле евакуирани низ целата земја до 6 часот наутро, но се очекува бројот на евакуирани да се зголеми бидејќи браната во северната провинција Чунгчеонг се преполнила со вода утрово.
Локалните власти наредија евакуација на повеќе од 7. 000 луѓе. Во целата земја има двајца загинати, едно лице се води за исчезнато, додека шестмина се повредени до 6 часот наутро.
Корејската железница (КОРАИЛ) соопшти дека ги прекинува сите бавни возови и некои брзи, како и дека другите брзи возови може да доцнат поради побавно работење, бидејќи лизгањето на земјиштето, поплавите и паѓањето на камења на шините ја загрозуваат безбедноста.
Премиерот Хан Дак-Су ја повика војската активно да се вклучи во спасувачките напори.