Јужна Кореја верува дека Северот лансирал интерконтинентална балистичка ракета

People watch a TV broadcasting file footage of a news report on North Korea firing a ballistic missile off its east coast, in Seoul, South Korea, January 5, 2022. REUTERS/Kim Hong-Ji

Северна Кореја во четвртокот истрела, како што се верува, балистичка ракета со долг дострел кон морето во близина на нејзиниот источен брег, изјави началникот на Генералштабот на Јужна Кореја, ден откако Сеул објави дека Северна Кореја се подготвува да лансира интерконтинентална балистичка ракета.

„Севернокорејската ракета, се чини, дека е интерконтинентална балистичка ракета лансирана по стрмна траекторија“, се вели во соопштението на Комитетот. Јужнокорејската војска исто така извести дека лансирањето се случило во 7,10 часот по локално време, од областа на севернокорејската престолнина Пјонгјанг кон Јапонското Море.

Во средата, воената разузнавачка команда на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја поставила мобилен лансер на локација каде што се подготвува да лансира нешто што би можело да биде интерконтинентлен балистички проектил (ICBM), но се чини дека проектилот сè уште не бил поставен на лансерот.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека проектилот паднал во област на околу 300 километри западно од островот Окушири, надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија.

„Според Министерството за одбрана, балистичка ракета истрелана претходно од Северна Кореја веќе паднала, бараме од екипажите на авионите и бродовите да ги следат информациите и, доколку се најдат фрагменти, да не им се приближуваат, да ја известат службата за поморска безбедност“, се вели во пораката објавено на веб-страницата на крајбрежната стража.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба најави свикување на совет за национална безбедност во врска со ова лансирање и изјави дека во овој момент не е забележана штета.

На 18-ти септември, Сверна Кореја лансираше неколку балистички ракети со краток дострел, а последен пат лансираше интерконтинентална балистичка ракета на 18-ти декември 2023 година.