Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ја помилува поранешната претседателка Парк Геун-хје, која е во затвор откако беше осудена за корупциоја, соопшти во петокот на министерството за правосудство во екот на тесната претседатeлска трка.
Сега 69-годишната Парк стана првата демократски избрана жена претседател на Јужна Кореја, а беше разрешена од должноста којга Уставниот суд во 2017 година го потврди неговото отповикување во парламентот поради скандалот по кој, исто така, во затвор отидоа челниците на два конгломерата, од кои еден е „Samsung Electronics“.
Парк е осудена за корупција и злоупотреба на позицијата на 22 години затвор. Нејзиниот претходник Ли Мјунг-бак, кој исто така е затворен поради обвинувањата за корупцијата, не е помилуван.
„Ја вклучивме поранешната претседателка Парк за да го надминеме несреќното минато, остваривме единствно на луѓето и пруживме можност за нов чекор напред во иднината“, изјави министерот за правосудство Парк Беом-Кје на брифинг со новинарите.
Одлуката е донесена бидејќи многу приврзаници и политичари од главанта кознервативна опозициска Партија на народната моќ повикаа на помилување на Парк во пресрет на јужнокорејските претстедателски избори во март. Опозициските активисти наведуваа дка Парк имала здравствени проблеми во затворот, вклучително и операција на рамето.
Последните анкети покажуваат дека Ли Џае-мјунг и Јун Сук-јеол, претседателските кандидати на валдејачката Демократска партија на претседателот Мун, и на Партијата на народната моќ се израмнети.