Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема своја автентична политичка понуда. Затоа копира мерки од Програмата на СДСМ, вели потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов.
„На пример, мерката на СДСМ за поврат на 15 проценти од ДДВ кон граѓаните, Владата ја искриви во лото. Така, наместо да добиваат сите што плаќаат данок, со измислицата на владата сега добиваат само неколкумина. А, примената на мерката на СДСМ за поврат на дел од ДДВ кон граѓаните, само за декември, ќе значеше 10,5 милиони евра пари во рацете на граѓаните. Само во еден месец. Втор пример, мерката на СДСМ за враќање на персоналецот од плата на сите вработени кои имаат плата до 12.000 денари. После обидот за нејзино омаловажување, владата ја искористи како намалување на давачките само при новите вработувања“, вели Узунов.