В сабота сите на чистење!

В сабота сите на чистење!
В сабота сите на чистење!

Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, и годинава ќе го реализираат проектот „Македонија без отпад 2015“.

За таа цел в сабота на целата територија на државата ќе се одржи национална акција за чистење на околината од отпадот. Целта е граѓаните и сите засегнати страни организирано да се вклучат во чистењето на околината.

Централниот настан во Скопје ќе се одржи кај Европската очна болница во општина Ѓорче Петров, а ќе се чисти и трим патеката во должина од 2 километри.

Проектот се спроведува со поддршка од државните институции, локалната самоуправа, јавните и комуналните претпријатија, невладините организации, здруженија на граѓани и месното население.

Повеќе информации за акцијата може да се најдат на веб-страницата www. ajdemacedonia.mk или на општинската веб-страница, а граѓаните доколку забележат неовластено складирање на отпад може да се јават на бесплатниот телефонски број на Центарот за управување со кризи – 195.