В сабота затворена десната лента на улицата Јордан Мијалков

Идеа Плус Комуникејшн ја известува јавноста дека за потребите на настан во нејзина организација, на 25 ноември (сабота), ќе биде затворена десната лента од улицата Јордан Мијалков ( во потегот крстосница со булеврот Мајка Тереза) до крстосницата со улица Герман. Ќе бидат зафатени два метри од коловозот во периодот од 20-о3 часот.