![pestaloci kniga na zalost pestaloci](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/pestaloci-kniga-na-zalost-pestaloci.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на прашање дали 14-годишната Вања била задушена или починала од прострелна рана, рече дека се работи за прострелна рана.
„Точниот наод на обдукцијата ќе покаже, меѓутоа прострелна рана е во прашање“, рече Спасовски на вонредната прес-конференција на која соопшти дека е фатен првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо.
Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а во неделата на 3 декември е пронајдено нејзиното тело во Бразда во околината на Скопје.