По овие карактеристики ќе ги познаете Вагите. Есента е годишно време што е познато како период во кој владеат вагите. Дали изгледам дебело во овој фустан? Ова е една од речениците што никогаш нема да ги слушнете од припадничките на овој хороскопски знак.
Тие поседуваат исклучителна самодовреба, реални се и смирени, а поради нивниот добар карактер секогаш се омилени во друштвото и на работното место. Ако за нешто треба да им се замери тогаш тоа е неодлучноста.
По овие карактеристки ќе ги познаете Вагите:
- Смирени и разумни, поради што ги ценат на работното место и во друштвото;
- Шармантни се и со нив е лесно да се говори па затоа сите ги сакаат;
- Душевниот мир е нешто многу важно во нивниот живот;
- Го сакаат дружењето, но се многу самостојни и сакаат да поминуваат време сами со себе си;
- Oптимистични и секогаш гледаат во иднината, а не во минатото.
- Посветуваат големо внимание на деталите;
- Секогаш се борат за правда, особено кога другите се во прашање;
- Нивната силна страна во пријателството и врските е фактот дека секогаш се подготвени за компромис и никогаш не ги слушаат само сопствените идеи;
- Не сакаат конфликти и кавги, па затоа бегаат од такви ситуации;
- Постојано нешто премеруваат, па затоа на другите им се чинат како неодлучни или пасивни;
- Сакаат убави нешта и луѓе, па понекогаш и несвесно флертуваат;
- Доверливи се, добри работници и секогаш доаѓаат точно на време;
- Во групните расправии ретко завземаат страна – многу е поголема веројатноста дека ќе бидат неутрални;
- Имаат добар вкус и точно знаат што им одговара, а што не;
- Имаат природна самодоверба и немаат обичај да се жалат на сопствениот изглед, на годините или на неуспесите.