„Вагнер“ подготвен да го засили присуството во Африка, Пригожин го правда пучот во Нигер

Шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“ го оправдува државниот удар во Нигер опишувајќи го како триумф во објава на социјалните мрежи откако претходно седмицава во интервју за африканска медиумска куќа рече дека неговата паравојска е подготвена да го зајакне своето присуство на континентот.

„Она што се случи во Нигер, созреваше со години, и не е ништо друго освен борба на народот на Нигер со своите колонизатори, кои се обидуваат да ги држат народите на африканските земји под узди“, вели Евгениј Пригожин во аудио објавата на Telegram на профил поврзан со „Вагнер“ алудирајќи на влијанието на западните земји особено Франција од чиешто колонијално царство оваа земја беше до 1960-те години.

„Поранешните колонијални господари ги полнат овие земји со терористи и различни бандитски формации. Со самото тоа создаваат огромна безбедносна криза. За да го одржуваат своето, практично робовладетелско уредување, тие на териториите на овие држави формираат различни странски мисии во коишто има десетици илјади војници. Тие десетици илјади војници не се способни да го заштитат населението на овие суверени држави. Населението пати, и оттаму големата љубов кон ‘Вагнер’, тоа е причината за големата ефикансност на ‘Вагнер’“, додава Пригожин во изјавата.

Истакнува натаму дека „илјадници војници“ на паравојската имаат способност да заведат ред и да ги ликвидираат терористите „недозволувајќи да им нанесуваат штети на цивилите и државите“. Според Пригожин во регионот и во Нигер народот дал отпор на колонизаторите кои сакаат да му наметнат свои правила на живот и услови…..

Претходно во аудиоинтервјуто за африканката медиумска куќа објавено на интернет, Пригожин порача дека „Вагнер“ е подготвен да го засили своето присуство во Африка.

„Не ја намалуваме (нашата присутност), напротив, подготвени сме да ги засилиме нашите различни контингенти“, вели Пригожин за Afrique Media кое има седиште во Камерун, а телефонското интервју е објавено и на YouTube.

Во интервјуто кое оди со аудиопревод на француски јазик, Пригожин вели дека паравоените сили ги исполнува сите свои обврски на континентот, како и дека е подготвен и натаму да ги развива односите со африканските земји.

Борците на „Вагнер“ учествуваа во некои од најкрвавите судири во украинската војска. Но по еднодневнито неуспешен бунт, како што беше наведено, против воениот врв кон крајот на јуни, делот од паравојската кој не потпиша договор со руското министерство за одбрана се заминати во Белорусија каде ја обучуваат тамошната војска.

Се тврдеше и дека самиот Пригожин е во Белорусија, но оваа седмица беше фотографиран во Санкт Петербург во текот на дводневниот руско-африкански самит, со некои од африканските челнции, како и со новинарите на Afrique Media.

Пригожин за Afrique Media потврдил дека новата ротација на силите на „Вагнер“ неодамна престигнала во Централноафриканската Република во пресрет на уставниот референдум на 30-ти јули со кој претседателот Фостен-Аршанж Туадера би можел да го продолжи својот мандат.

„Пристигнаа нови сили, ја контролираме територијата на републиката“, вели Пригожин без да ги наведе големината на силите на „Вагнер“ во оваа африканска земја.

Руските платеници, меѓу кои и многу борци на „Вагнер“, интервенираа во 2018 година на страна на владата на Централноафриканката Република во сузбивањето на граѓанската војна која ја пустошеше оваа земја од 2012 година.

Улогата и големот влијание на „Вагнер“ во африканските земји предизвикува загриженост кај владите од ткн колективен Запад, првенствено кај САД и Франција којашто се обидува да го задржи своето политички влијание во своите поранешни колонии во Африка. Вашингтон, пак, кој смета дека преку оваа паравојска Москва го јакне своето влијание на континентот, го обвини „Вагнер“ дека наводно сторил многу злосторства и ја стави на листата „злосторнички организации“

Пригожин го негира сето тоа. И во интервјуто за Afrique Media вели дека сите активности на „Вагнер“ биле законски и од полза и за земјите во коишто дејствува и во нивните односи со Русија.

Се верува дека „Вагенр“ има илјадници борци во земјите како Централноафриканската Република и Мали. Се зборува, исто така, дека групацијата на претприемачот Пригожин таму има вносни деловни интереси, но исто така придонесува за јакнењето на дипломатските и економските односи на африканските земји со Москва.

 

Кон кого ќе се приклони хунтата во Нигер

Шеесет идвегодишниот генерал Абдулрахман Тјани беше именуван за командант на Претседателската гарда на Нигер во 2011 година од поранешниот претседател Махамаду Исуфу кој и го унапреди во генералски чин во 2018 година, претходник на сега соборениот претседател Мохамед Баузм. Тјани беше доведуван во поврзаност и со обидот за државен удар против поранешниот претседател во 2015 година, но се појави пред судот негирајќи ги обвинувањата.

Во телевизиското обраќање во петокот вечерта, генералот Тјани кој ја доби поддршката и до целата команда на војската и жандармеријата на Нигер, порача дека воената хунта ја преземала власта поради неколку значајни проблеми во земјата кои се продлабочувале. Според него, невистините информации што ги давала власта на претседателот Базум довеле до засилено чувство на небезбедност меѓу населението поради џихдистичкиот бунт со кој земјата слабо се справувала, а ги спомена и корупцијата која предизвикала економски проблеми.

Тјани, исто така, им е обрати на сојузниците на Нигер во светот, главно западните земји кои од него бараат да се повлече и да го ослободи протворениот претседател Базум, порачувајќи дека воениот врв ќе ги почитува сите меѓународни обврски на Нигер, како и човековите права. Ова е петтиот државен удар откако во 1960 година Нигер стекна независност од Франција.

Од петокот во главниот град Ниамеј животот главно се врати во нормалата со отворени пазари и продавници, но на државните службеници им е кажано да останат дома имајќи предвид дека на неодредено време е суспендирано функционирањето на државните институции.

Во меѓувреме, обичните Нигерци во изјави за медиумите имаат помешани мислења за пучот. Некои велат дека несигурноса во земјата не било доволна силна причина за да се оправда пучот, додека други ја поддржуваат хунтата.

Државниот преврат во Нигер кој го изведе војската е последниот во бранот воени преземања на власта последните години во западноафриканскиот региони кој се справува со џихадистичкиот бунт, при што беа соборени владите во Мали, Гвинеја и Буркина Фасо.

На Западот сега владее загриженост околу тоа кон кои земји како сојузници новиот челник на земјата со значителни резерви на ураниум ќе се сврти. Имено, соседите на Нигер, како Буркина Фасо и Мали по тамошмите преврати е свртија кон Русија.

Во четвртокот и петокот во Санкт Петербург се одржа вториот руско-африкански самит од 2019 година на кој се потпишани десетици разни договори, вклучиотелно и во безбедносната сфера, со кои Москва сака да го зголеми руското присуство на африканскиот континент. На самитот учестуваа дури 49 од вкупно 54 африкански земји, а 17 од нив беа претставени со претседатели на државите и четири со премиери. Кремљ претходно објави дека САД и Франција „бесрамно“ преземаа сѐ да ги наговорат другите земји да не учествуваат на самитот.

Русија потпишала договори за воена соработка со повеќе од 40 африкански земји, објави во петокот доцна вечерта рускиот претседател Владимир Путин по завршувањето на дводневниот руско-африкански самит во Санкт Петербург.

„Со цел да се зајакнат одбранените способности на земјите од континентот, развиваме партнерство во воената и воено-техничката сфера. Русија потпиша договори за воено-техничка соработка со повеќе од 40 африкански држави, на коишто им испорачуваме широк спектар вооружување и опрема“, рече Путин.

Рускиот преседател изјави и дека африканските држави добиле оружја и технологии, „некои и бесплатно“ со цел „јакнење на безбедноста и суверенитетот на земјите“.