
Европратениците се очекува да одржат одвоени средби со лидерите на политичките партии потписници на договорот.
Вајгл, Ховит и Кукан, исто така, треба да се сретнат и со специјалната обвинителка Катица Јанева, како и со претставници на Државната изборна комисија.
Оваа тројка од Европарламентот, се смета дека ќе има задача да ги убеди партиите да се забрза усвојувањето на преостанатите обврски од договорот од Пржино и од итните реформски приоритети што ги препорача Европската комисија.
Во средината на месецот се очекува и доаѓањето на еврокомесарот за соседска политика и прегвоори за проширување Јохаес Хан. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на посетата е да направи увид во напредокот од имплементирањето на точките од договорот во Пржино, како и на итните реформски приоритети што ги препорача Еврокомисијата.
-Потврдувам дека комесарот Хан ќе го посети Скопје во јануари, но немам датум. Причината е да направи проценка на ситуацијата, изјави портпаролката на неформалната влада на Европската унија, Кетрин Реј.