Вајгл: Опозицијата да се вклучи во работата на Собранието

Европратеникот Иво Вајгл, кој е известувач за Македонија во Европскиот парламент, ја повика опозицијата да се вклучи во работата на Собранието, истакнувајќи дека власта и опозицијата мора да работат заедно за доброто на државата.

Вајгл кој учествува на денешната конференција на Косап, рече дела и власта треба да има предвид дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е најсилната политичка партија во Парламентот и нивното остсуство е многу проблематично, особено кога се работи за секојдневната работа во законодавниот дом.

„Владата и коалицијата на власт има одговорност да направи опозицијата да се чувствува комотно и активно и да и се даде шанса, особено за стратешки прашања што всушност недостасува во овој момент“, рече Вајгл.

Нагласи дека има големи очекувања од процесот „Жан Моне“, но рече дека тој најверојатно ќе почне во март, но тоа нема да биде Париз. Одлуките и заклучоците ќе се носат во Собранието.

Теми на конференцијата на Косап се европската перспектива и владеењето на правото во земјите од Западен Балкан.