
Секое непотребно одложување на преговорите може да предизвика големи проблеми за државата. Ова во изјава за медиумите по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го изјави европратеникот и постојан известувач за Република Македонија во Европарламентот, Иво Вајгл.
Искрено се надевам дека договорот од Пржино ќе биде применет и дека времето ќе биде испочитувано, во спротивно може да се случи земјава да западне во голема криза, рече европратеникот и постојан известувач за Република Македонија во Европарламентот, рече Вајгл.
Како што рече спроведувањето на целиот процес ќе биде корисно за сите и е во интерес на земјата.
Не станува збор за пробивањето на поединечните рокови за ден или два, туку за контиунуираното спроведување на целиот процес, зошто тоа ќе биде корисно за сите и е во интерес на земјата. Секое непотребно одложување може да предизвика големи проблеми за државата, рече Вајгл.
Тој дополни оти искрено се надевале дека кризата во државата е надмината со потпишување на договорот од Пржино и ги повика медиумите да вршат поголем притисок врз политичките партии за да се придржуваат до обврските од договорот.