Вакцинацијата ќе паузира за велигденските празници

Вакцинацијата против ковид-19 ќе паузира за велигденските и за првомајските празници, рече Жаклина Чагороска од „Мој термин“ во вечерашното гостување на „Топ тема“.

Таа истакна дека ваквата одлука била донесена во консултација со граѓаните кои побарале ревакцинирањето да не биде во текот на празниците.

– Ќе има пауза овие денови, од петок до понеделник бидејќи во тек е сега ревакцинацијата со „Спутник“. Во консултација со пациентите пред сè, бидејќи станува збор за верски празник кој се поклопува и со празникот Први мај – истакна Чагороска.