Без сертификат за вакцинација во Њујорк, нема да може да се влезе во ресторан, теретана и на настани, тоа го изјави демократскиот градоначалник Бил де Блазио, со што градот стана првиот во САД што воведе ковид-пасоши.
Мерката, наречена Key to NYC Pass „ќе бара вакцинација за вработените и гостите на рестораните во затворени простории, корисниците на сали и посетителите во затворени простории“, рече градоначалникот на прес -конференција, додавајќи дека „барем една доза“ од вакцината ќе биде потребно за слободен влез.
– Ако сте вакцинирани го имате клучот, можете да ја отворите вратата. Ако не сте, за жал нема да можете да учествувате во многу активности – рече Де Блазио.
Тој рече дека мерката ќе биде воведена на 16 август, а нејзината имплементација ќе следи од 13 септември.