Вакцината против Covid-19 којашто ја разработија Универзитетот Оксфорд и англо-шведската фармацевтска лабораторија „AstraZeneca“, од 25-ти март добила нов назив „Vaxzevria“, се наведува на веб-сајтот на Европската агенција за лекови ЕМА.
На порталот на Шведската агенција за медицински производи се наведува дека потегот нема да повлече други промени, но дека специјалистите за вакцини треба да бидат свесни за преименувањето, бидејќи информациите за производот, обележувањето и пакувањата може да изгледаат поинаку.
Промената на името на вакцина доаѓа во периодот на повеќето извештаи во март за опасни компликации кај лицата кои ја примиле оваа вакцина. Прво во Австрија кај вакцинирана медицинска сестра на средна возраст беше дијагностицирана мултипла тромбоза а почина десет дена по приемот на првата вакцина, додека нејзина колешка беше хоспитализирана со белодробна емболија. Подоцна, слични информации доаѓаа и од повеќе европски земји и од Јужна Кореја. Некои земји во ЕУ одлучија привремено да ја запрат имунизацијата на своето население со вакцината „AstraZeneca“, потоа го продолжија по зивештајот на ЕМА, а Норвешка и Данска го пролонгираа продолжувањето на примена на вакцината до 15-ти април.
Експертите на ЕМА не потврдија дека вакцината на „AstraZeneca“ го зголемува општиот ризик од тромбоемболиски компликации. Европскиот регулатор, исто така, извести дека препаратот е безбеден и ефикасен и ја истакна дека придобивката од заштитата на населението се многи поголеми од потенцијалните ризизци поврзани со вакцината. Покрај тоа, беше наведено дека стручњаците ќе продолжат да ги проучуваат несаканите ефекти и дејства, а податоците за случаите на појава на тромбоза ќе бидат внесени во општа информација