Кинеската компанија „Shenzhen kangtai biologic products“ соопшти во вторникот дека ја завршила изградбата на фабриката направена за производство на 400 милиони дози вакцина од англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ на годишно ниво, што е двојно повеќе од целта објавена минатата година.
„Компанијата активно ги поттикнува процедурите за клиничко испитување на вакцината и нејзината регистрација во Кина, ја заврши изградбата на производствен погон и започна со пробно производство“, се вели во соопштението на компанијата со седиште во Женжен.
Компанијата се стекна со право да ја снабдува континентална Кина со вакцината АZD1222, развиена од „АstaZeneca“ и Универзитетот во Оксфорд.
„Вакцината може да биде лиценцирана во Кина до средината на 2021 година, откако ќе бидат собрани податоци од првата и втората фаза на клиничките испитувања во оваа земја, како и податоци од последната фаза на клинички испитувања во странство“, изјави претходно Леон Вонг, директор за операции на „AstraZeneca“ во Кина.