Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави во саботата дека во Европската унија е одобрена вакцината против Covid-19 произведена од англо-шведската фарамцевтска компанија „AstroZeneca“ во соработка со Универзитетот Оксфорд, неколку часа откако Европската агенција за лекови (EMA) даде препорака за одобрување на вакцината.
„Очекуваме дека компанијата ќе испорача 400 милиони дози како што е договорено“, напиша Урсула фон дел Лајен на Twitter, додека односот меѓу Брисел и „AstraZeneca“ се заострува поради доцнења во производството.
Европската агенција за лекови (ЕМА) претходно објави дека дозволата за употреба се однесува за популација постара од 18 години.
„Сѐ уште нема доволно резултати кои би покажале во колкав процент вакцината е ефикасна кај повозрасната популација (над 55 години), наведе европското регулаторно тело, но додаде дека се „очекува заштита со оглед дека е забележан имунолошки одговор во оваа старосна група, како и поради искуството од другите вакцини“, се наведува во соопштението на ЕМА.
„Научниците на ЕМА сметаа дека вакцината може да се употребува кај постари возрасни лица“, соопшти агенцијата.
Во ЕУ досега се одобрени две вакцини против коронавирусот на американско-германско паркамко-биотехнолошки тандем „Pfizer/BioNTech“ и на американската фармацевтска компанија „Moderna“.