Вакцината против коронавирусот на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ благо го зголемува ризикот од воспаление на срцето, но тој ризик е поголем кај луѓето заразени со вирусот, покажува новото истражување чиишто резултати се објавеи во средата во стручното списание New England Journal of Medicine.
На 10.000 пациенти кои ја примиле споменатата вакцина, еден до пет веројатно ќе развијат миокардитис кој инаку не би го добиле, објавија научниците врз основа на податоци кои ги собрала израелската здравствена организација Clalit Health Services.
Оваа стапка е многу поголема 11 на 100.000, кај луѓето кои се заразени со коронавирусот.
Научниците ги споредиле стапките на нуспојавите од вакцината кај 884.828 вакцинирани луѓе и иста бројка невакцинирани. Се покажало дека 21 лице добило миокардитис меѓу вакцинираните, повеќето млади мушкарци, во однос на 6 меѓу невакцинираните.
Повеќто несакани појави кај вакцинираните биле благи, но некои, како што е миокардитисот, потенцијално се сериозни, истакнуваат научниците.
Научниците ги анализирале и стапките на нуспојави кај повеќе од 240.000 заразени лица. Резултатите покажале дека самата зараза со коронавирусот е многу голем ризик за појава на миокардитис, и дека значително го зголемува ризикот од други тешки нуспојави.
Вакцината на „Pfizer/BioNTech“ против Covid-19, како и на „Moderna“, којашто исто така е направена на платформата mRNA, е предмет на регулаторна провекра во неколку земји откако се пријавени случаи на воспаление на срцето по вакцинирањето.
Израелското министерство за здравство објави во јуни дека е можна поврзаноста меѓу таквите случаи и вакцината на „Pfizer“ којашто исклучиво се користи во земјата.
.